Ќерката на Аркан: Замислете дека имате четири години, а четири пушки се насочени кон вашата глава
АНАСТАСИЈА РАЖЊАТОВИЌ, музички фаворит на младите во регионот, а чии две песни се искачија на самиот врв на то листите, испрати порака до српските политичари кои се жалат на тортурата што ја поминуваат нивните деца во последните денови.
Ражњатовиќ е исто така ќерка на турбофолк пејачката Свјетлана Ражњатовиќ Цеца и Жељко Ражнатовиќ- Аркан, убиениот командант на паравоената единица на српската волонтерска гарда, против кого Хашкиот трибунал подигна тужба на 31 март 1999 година.
„Замислете дека имате само 4 години и 4 пушки се вперени во главата додека ги отворате очите наутро, додека се будите. Ќе гизамолам квази- политичарите да не се изјаснуваат за своите деца кои страдаат за какви било наслови во весниците, затоа што јас како некој што имав четири не стигнав да видам било какви наслови, туку само цевка од пушка вперена во мојата слепоочница и мислам дека тоа беше доволно за да ме направи апсолутно истрауматизирана “, напиша таа.
Таа не застана тука, но додаде: "Мислам дека вашите деца сосема добро поминаа.А нашите последици од голготата низ која поминавме, не е важно, така? Тоа што не изигрувавме жртви и не се вадевме на големо насилство кое го доживеавме на шетири и шест годни, не значи дека не се случи. Срамота за вас. Тие солзи кои сега ги пуштате, неголаш ги пуштавме ние како мориња.Срам да ви е“.