КО ДА СЕ НА ДРУГА ПЛАНЕТА: Големи пожари го погодија Сан Франциско, граѓаните се разбудија под потрокалово небо
Чудно портокалово
небо кое не дава знаци на добро и дожд од пепел ги пречека жителите на заливот
Сан Франциско, кои утрово триејќи ги очите се прашуваа дали се разбудиле на
друга планета.
Надреалните услови се само шлагот на тортата за една година обележана со пандемија на коронавирус, социјални немири и големи шумски пожари.
- Скоро сите клиенти имаа предвид дека се случила апокалипса. Тоа е метафора за нашата моментална состојба - изјави за американските медиуми Леа Лозано, работничка во кафуле на Западната Авенија во Сан Франциско.
Како што пренесува „Сан Франциско хроника“, некои дури помислиле дека сето тоа е грд сон, па се вратиле во кревет. Дел од учениците, пак, се успале и доцнеле на часовите „преку Интернет“, бидејќи надвор сè уште било темно.
A swirl of orange fog and smoke hangs over the San Francisco skyline this morning seen in this image taken at 10 a.m. @sfchronicle pic.twitter.com/AzMzVoZNCg
— Jessica Christian (@jachristian) September 9, 2020
Експертите велат дека „портокаловото небо“ е предизвикано од облаци чад што доаѓаат од бројните шумски пожари, кои беснеат деновиве низ цела Калифорнија. Како што се наведува, ветровите го „туркале“ чадот на помала надморска височина во текот на ноќта, што на тој начин служело како филтер за сончевите зраци.
Како резултат на тоа, небото е црвено, портокалово и сиво. Според локалните медиуми, квалитетот на воздухот останал непроменет во поголемиот дел од Сан Франциско.
Фото: Танјуг/Твитер