Кога избираш жена, направи го тоа како Михаел Шумахер: Ќе дојде денот кога таа ќе биде твојата единствена војска!

Фото: Profimedia
Ако била со вас во лошите моменти, тогаш не грижете се - сте ја нашле вистинска жена
Во 2013-та година, Михаел Шумахер се здоби со повреда на главата во ски-центар на Алпите. Седумкратниот светски шампион во трките на Формула 1 слета од скијачката патека, падна и удри со главата во карпа. Неколку дена беше на работ на живот и смрт, а потоа беше ставен во вештачка кома ...
… По 6 години кома, Шумахер се буди и ја гледа сопругата. Неговата сопруга Корин, која потроши најголем дел од нивните пари за лекување на нејзиниот сопруг, сега е буквално на работ на банкрот. И покрај големите пари што самиот Шумахер ги заработи од приходите во Ф1 додека со години доминираше на трката, и покрај сите огромни спонзорски договори што ги имаше, сите пари беа потрошени.
И токму кога се изгуби сета надеж за закрепнување, тој се разбуди и првата личност што ја препозна беше неговата сопруга.
Таа е жената која беше покрај него во убавите, но и во неверојатно тешките моменти. Лојалноста е особина која нема цена...
Затоа, нека ве поучи примерот на Шумахер - изберете силна жена за ваш придружник, бидејќи можеби ќе дојде денот кога таа ќе биде вашата единствена војска!
Во 2021 година имаше неколку извештаи дека здравјето на Шумахер се подобрува. Објавен е документарен филм во кој неврологот Ерих Рајдерер открива дека познатиот „Шуми“ е подобар од она што бил. Не премногу, но малку подобро.
„Михаел Шумахер е буден, дише, срцето му има добар ритам. Веројатно може да седне, можеби дури и да направи чекор со помош на други, но не повеќе од тоа", рече прво овој доктор. Иако овие зборови се прилично охрабрувачки, неговата следна реченица, за жал, беше многу попесимистичка:
„Мислам дека ова е најмногу што може да направи.“
Корин Шумахер потврди дека Михаел не може самостојно да се движи и целосно да комуницира со другите. Дотогаш за неговото лекување веќе беа потрошени 20 милиони фунти ...
Извор: stil.kurir.rs
*(ФОТО) Тато ова е за тебе: Џина за Шумахер ги носеше боите на Ферари