Стил // Пари
Кога ќе го завршите текстот со читање, тие ќе бидат побогати за 70 000 долари, а утре за 100 милиони долари
- 06 Јуни, 2022 15:00

Да, да. Кога ќе го завршите текстот со читање, најбогатото семејство на светот ќе биде побогато за уште 70.000 долари.
Тоа значи дека за само еден час тие заработуваат 4.2 милиони долари, а во исто време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари.
Семејството Волтон од Њујорк, сопственици на најпознатиот американски малопродажен ланец „Walmart“, располагаат со нешто повеќе од 190 милијарди долари.
Тоа е за 39 милијарди повеќе од јуни пред две години, објави своевремено „Blumberg“ американсаката бизнис мрежа, чиј сопственик Мајкл Блумберг управува само со 60 милијарди долари.