Кога видел што му направил соседот, останал без зборови: Мислев дека сме во добри односи

Британец стана хит на Твитер, откако сподели фотографии од „војната“ со соседот

Мети од Ливерпул, сподели фотографии на кои се гледа како соседот ја коси тревата пред зградата, но само на неговата страна.

„Одлучив да го оставам вака - кога ќе порасне неговата трева, ќе си ја искосам само мојата. Јас веќе ја сакам оваа игра“, напиша подоцна Мети, додавајќи дека тој сè уште е во шок.



Откри дека имал добри односи со соседите, тие се поздравале едни со други и си упатувале насмевки, но после ова заклучил дека можеби и не биле во најдобри односи.

Фотографиите предизвикаа бројни реакции, а некои се пошегуваа на Твитер дека неговиот сосед покажал многу чудно однесување. Други пак не можеа да веруваат дека такви луѓе постојат.

Имаше и такви кои му дадоа совети на Метју за одмазда кон соседот, додека имаше и такви кои рекоа дека нема да ја допрат тревата на соседот без претходно да го прашат.

„Ова ескалираше, се прашувам дали тоа го виде и соседот“, додаде Мети откако неговите фотографии станаа хит, пишува Индекс.


Фото: Твитер

ПУШТИ го СЕЛОТО НЕКА ЗБОРУВА: Кој постојано се бави со туѓ живот, не успеал во својот