„Кога видов што прават со бургерите...“: Вработен од синџир за брза храна шокира со ова што го откри- што се прави со храната која ја јадеме сите?!

Нема да верувате

Кога работите долго време на исто место, што вклучува контакт со луѓе, гледате се! Вработен во познат синџир за брза храна, Ден Лук, со години гледа што зборуваат луѓето во овој популарен ресторан и решил да ги открие необичните комбинации кои го оставиле без зборови.

Луѓето често одлучуваат да нарачаат пијалок покрај храната, но не она што повеќето од нас би го избрале. Ова се три од најчудните комбинации што Ден забележал дека неговите клиенти ги јадат.


Потопување на помфрит во милкшејк

И покрај широкиот избор на сосови, вклучително и кечап, мајонез и сос за скара, клиентите, како што тврди тој, сè уште не добиваат доволно. Сепак, потопувањето компири во милкшејк не е ништо ново. Љубителите на овој синџир тврдат дека тоа се прави долги години, и дека е одлична комбинација. Како совршено погодни сосови за чипсови се наведени милкшејковите од јагода, чоколадо и ванила, а многу популарна е и комбинацијата од чипс со сладолед.

Еспресо кафе во милкшејк од ванила

Поновиот тренд вклучува ставање шолја еспресо во милкшејк од ванила. Тоа е нов тренд на Тик Ток, а поентата е што има вкус на познатото фрапучино, кое е ладен, сладок пијалок со сируп, на база на кафе, прелиен со шлаг. Ден тврди дека се повеќе од нив го прават тоа и дека тоа создало вистинска лудост.

Бургер со сладолед

Ден додава дека многупати видел, според него, крајно необична комбинација, а тоа е паралелно јадење плескавица со сладолед.

„Тоа е најчудната работа досега. Сме го виделе многу пати и сè уште го гледаме. На луѓето очигледно им се допаѓа комбинацијата на солено и слатко“, заклучи тој.

Foto: TikTok printscreen/ellbrxo