Кои се најопасните места на светот?

Ова се места на кои ниту полицијата не смее да стапне...

Во секој град постојат краеви и места кои делуваат поопасно од другите. Меѓутоа, некои краеви се толку опасни, па дури ниту полицијата не може да излезе на крај со бандите, криминалците и дилерите кои живеат таму. На ваквите места не можете туку така да залутате и кога би се нашле на некои од тие улици, вашиот живот набрзо може да премине во пеколот.

Ова се петте најопасни краеви на светот, од кои ќе ви се наежи кожата:

1.Katia, Karakas, Venecuela

Ако планиравте туристички експедиции по подалечните земји, тогаш можеби е најдобро да го заобиколите овој дел од Венецуела. Катиа, според многумина е едно од најлошите и најопасни делови на светот. Во 2016 година, забележани се и до 60 убиства на ден во овој крај, а оние кои само би помианле покрај, секако ќе бидат претепани и ограбени.

2.Renacimiento, Akapulko, Meksiko

Ова е градот со најголема стапка на насилство во Мексико и секојдневно на ова место се случуваат убиства, силувања и кражби. Ова е место кое дефинитивно треба да се заобиколи, бидејќи ниту самата полиција не може многу да направи кога навооружените банди држат се под своја контрола.

3.Detroit, Mičigen, SAD

Детроит е град кој со години е најозлогласен во Америка, а ако го посетите, ќе сфатите и зошто. Огромниот број на криминални моменти, недостаток на полицијаци и насилството кое може да го видете на секој ќош, се само доказ дека овој град умира и делува како да е одвоен од светот и законите.

4.Fortaleza, Seara, Brazil

Само во претходните неколку месеци се случиле 15 убиства во овој крај, осеобено околу стриптиз клубовите каде што се собираат проститутките и дилерите. На туристите никако не им се препорачува да поминуваат од ова место, а оние луѓе кои живеат во овој крај не ги напуштаат своите домови после зајдисонцето.

5.San Pedro Sula, Kortez, Honduras

Ова место е второ на светото според бројот на дневни убиства. Овдека е сосем нормално на улица да видите мртви луѓе, запалени автомобили и грабежи, а да сретнете полиција е многу редок случај.