Кој е најголемиот македонски шармер?

Во светот постојано се прават топ листи на најубави, најзгодни, најбогати... Претежно вклучуваат личности кое се популарни, биле пополарни или некако се поврзани со јавниот живот. Листите се менуваат секогаш, некои остануваат подолго време на врвот, некои пократко, некои излегуваат од тој круг, ама речиси секогаш е интересно да прочитаме кои се тие. 

Кај нас ретко се прават такви листи. Не дека ги немало, ама сега воопшто и ги нема. Или биле наместени... 

Нашиот магазин пред извесно време стартуваше со такви листи, посебно за стилот на облекување на нашите мажи, а беа повикани еминентни или луѓе кои имаат вистински познавања од убавината, естетиката или модата. Но, најголемиот дел на кој им упативме прашање кој маж има намногу стил или кој е најголем македонски шармер и тоа без да посочуваме примери- не одговорија. 

Една не сакаше да каже одговор затоа што имала дечко, па да не ѝ замерел, а друга била во брак па ако кажела да не ѝ се налутил сопругот. Имаше и такви кои рекоа дека нема за нив овде мажи со стил... „Чудесни“ одговори на едноставно прашање во кое не се бара хируршки одговор туку надворешна перцепција на една единка за друга. 

Зошто да не се одговори? Не прашуваме за нуклеарна физика па да не го знате одговорот...

Одговор на прашањето кој е најголемиот македонски шармер не добивме, од прашаните 30 личности. Само неколку одговорија, но малку за да се дефинира некаква листа. Што е толку дискутабилно во прашањето???