Кој ќе го спомне зборот „корона“ мора да плати 2 евра: Генијален начин за собирање на донации за хуманитарна помош

Тоа ќе им помогне на многумина во овој паб

Еден паб во Ирска одлучи да им наплаќа на гостите за секое спомнување на коронавирусот и пандемијата. На шанкот е ставена пластична чаша во која секој мора да стави по две евра кога ако го спомне тој збор.

Менаџерот на „Алт“, барот Кристофер Мур истакна дека се собрани 280 евра, а целиот приход ќе биде наменет за помош на болните во Донегал.


„Додека ги послужуваме гостите и стоиме на нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што зборуваат сите. За што и да почнеме да зборуваме, темата е секогаш приказната за вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за други вообичаени работи“, изјави менаџерот на барот Кристофер Мур.

Тие исто така започнаа кампања GoFundMe во барот.


„Се започна како забава и се претвори во одличен начин да се соберат средства за болните. Собираме пари за помош на Хосписот Донегал и секоја донација ќе помогне“, напишаа вработените во барот „Алт“.


Фото: Фејсбук