Кој живее како во Матрикс, а кому му е сè замаглено? Животните поинаку го перципираат времето

фото:unsplash

Природата работи по принципот „јади или ќе те изедат“, токму за ова зборуваме кога е во прашање темата за перцепција на времето кај животните.

Пред многу години, научниците беа свесни дека некои животни го перципираат времето поинаку од другите, односно обработуваат повеќе временски рамки побрзо од оние што живеат во долните делови на синџирот на исхрана. Затоа решиле да анализираат повеќе од 100 различни видови на животни кои брзо се движат.

„Веќе знаевме дека животните го перципираат времето поинаку од нас. Сепак, сакавме да откриеме дали грабливците имаат „побрзи очи“ од тревопасните животни“, рече Кевин Хејл од Универзитетот во Голвеј во Ирска.

Така тој и неговите колеги ги истражувале резултатите од претходните истражувања кои ја тестирале критичната фреквенција на треперење - вообичаен метод за мерење на брзината на перцепција на текот на времето кај животните. При што научниците ја зголемуваат фреквенцијата на трепкањата на светлината додека животното не ја доживее како континуиран сјај. За споредба, луѓето можат да откријат до 65 блесоци на светлина во секунда.

Како стојат работите во животинскиот свет?

Кога станува збор за животните, научниците, споредувајќи 138 видови, дошле до заклучок дека шилести морски ѕвезди ги забележуваат овие трепкања најбавно - само три на секои 4 секунди.

„Во нивниот свет сè изгледа како заматено“, објасни Хејл. Причината за ова е затоа што морските ѕвезди се тревопасни животни и не им требаат брзи рефлекси за да го фатат пленот во движење. Неговиот вообичаен оброк е главно неподвижен, за разлика од оној што ја лови ајкулата.

Сепак, апсолутен рекордер според оваа студија е морскиот коњ, кој детектира до 300 промени секоја секунда. Со други зборови, тој го прави тоа пет пати побрзо од луѓето и 400 пати побрзо од шилеста морска ѕвезда. Хејл објаснува дека тие веројатно го гледаат времето како што ние го гледаме патувањето на куршум во филмот Матрикс.

извор:nationalgeographic