Која боја ви е паричникот: Тоа открива дали ќе се збогатите.. или не?

Доколку сакате да процветате на финансиско поле, мора да внимавате каква боја ви е паричникот. Тој мора да биде во една од петте фенг шуи бои, а која точно одговара на вас, зависи од што кој знак сте во кинески хороскоп.

Црвена - за луѓе чиј елемент е оган или земја - оваа боја е од минатото позната по тоа што привлекува богатство. Многу брзо ја неутрализира негативната енергија.

Темно сина - за луѓе чиј елемент е дрво или вода - оваа боја симболизира благосостојба, а паричник во ваква боја не би требало да имаат луѓето родени во елементот на оган или метал.

Црна - за луѓе чиј елемнт е дрво или вода - во паричник со ваква боја би требало да ги чувате парите доколку сакате да привлечете благосостојба во својот живот.

Кафена - за луѓе чиј елемент е земја или метал - оваа боја носи богатство и е најчеста помеѓу паричниците, но не би требало да ја имаат луѓето родени во елементот на оган или вода.

Зелена - за луѓе чиј елемент е дрво или оган - оваа боја е одличен избор доколку сакате нов финансиски почеток, без оглед на тоа што се случувало во минатото.

Розева - за луѓе чиј елемент е оган - оваа боја е совршена за жени кои бараат партнер, бидејќи ја зголемува среќата во љубовта и врските.

Жолта - за луѓето чиј елемент е метал - светло жолтиот паричник често може да привлече пари, но повеќе означува проток. За да успеете да ги задржите парите, одберете темни или пастелни нијанси на жолтата боја.

Виолетова - за луѓе чиј елемент е дрво - виолетовата е слична на розевата, бидејќи означува среќа во љубовта и е идеална за оние кои бараат партнер. Оваа боја избегнувајте ја доколку сакате богатство.