КОЈА Е УБАВИЦАТА КОЈА ЖИВЕЕ ЗАЕДНО СО ЈЕЛЕНА И НОВАК ЃОКОВИЌ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена не сакале никому да му ја доверат грижата за децата, па според некои информации детално ги провериле сите детали за дамите кои се пријавиле за веројатно исклучително добро платената работа.

Очигледно клучни биле препораките од другите работодавци, како и познавањето на јазикот. Се разбира, клучна беше самата педагошка работа.

Јелена и Новак инсистираа на сите детали и бараа личност која ќе ги има сите квалитети што ги бараа. Сакале дамата која ќе има делумно влијание во воспитувањето на децата да биде личност во која ќе имаат целосна доверба.

Многу се инсистираше проблемите да се решаваат преку комуникација и разговор, физичка казна не доаѓаше во предвид, особено кога се знае дека дома не се ни крева гласот. На крајот успеале да најдат дама која одговара на сите карактеристики, таа едноставно ги положила сите критериуми, а дадилката со текот на времето станала вистински дел од семејството, па децата ја обожаваат.

Оваа девојка често патува со нив, па дури и во ложата за време на завршниот Мастерс во Торино имаше место за неа. Таа успеа да се прилагоди на постојаното патување што е реалноста на професионалниот тенисер.

Одамна не можевме да видиме ниту една фотографија од дадилката, но минатата година таа за прв пат беше фотографирана во Торино. Многумина се воодушевени од нејзината убавина, иако нејзиниот идентитет се уште не е познат.

Оваа убавица остана мистериозна, но во текот на целото финале на УС Опен ја држеше Тара во раце. Тие две биле веднаш до самиот центар на игралиштето, а Новак неколку пати комуницирал со ќерката, пренесува „Нова“

Освен тоа, згодната дадилка, летово повторно беше фатена како седи во домот на Новак во друштво на сопругата на Новак Јелена, децата Тара и Стефан, тренерот Горан Иванишевиќ и спаринг партнерот Карлос Гомез Херера, а потоа повторно привлече големо внимание.