Колку пари изгубија најбогатите луѓе поради пандемијата?
Милијардерите од „Форбс“ листата сè уште имаат прилично импресивни залихи, што ги прави најбогатите луѓе на планетата, но изгубија добар дел од богатството како последица на пандемијата.
Џеф Безос
Најбогатиот човек во светот, основачот и извршен директор на „Амазон“, Безос претрпе загуба од 7,13% (8 милијарди долари) од своето богатство. Неговото богатство сега изнесува 104,4 милијарди долари.
Бил Гејтс
Газдата на Мајкрософт забележа загуба од 5,09 % - околу 5,3 милијарди американски долари. Богатството на Гејтс од 100 милијарди долари падна на 99,2 милијарди долари.
Бернар Арно
Францускиот милијардер Бернард Арно е претседател и извршен директор на LVMH - империја која опфаќа 70 марки, вклучувајќи ги Луи Витон и Сефора. Неговото богатство изнесува 82,5 милијарди американски долари по пад од 8,57 % (7,7 милијарди долари). Луксузниот пазар претрпе голем удар во продажбата поради пандемијата „Ковид-19“, бидејќи голем дел од профитот на „ЛВМХ“ зависи од кинеските купувачи.
Ворен Бафет
Извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет, падна на 71,5 милијарди американски долари, откако загуби 6,83% (5,2 милијарди долари).
Марк Цукенберг
Поради ситуацијата со коронавирусот, богатството на Цукенберг падна на 54,7 милијарди американски долари откако изгуби 9,05%.