Колку "тежи" Џони Деп: Амбер ќе профитира од него
Холивудскиот актер Џони Деп всушност е многу богат. Неговото богатство се проценува на 200 милиони долари, но тој едно време имаше 650 милиони долари. Лоши инвестици и богатството му се преполови. Има приватен авион, скоро десет куќи на повеќе континенти, згради кои ги дава под наем, неколку луксузни автомобили... По филм заработува 20 милиони долари. Неговата поранешна сопруга Амбер Херд тежи само 9 милиони долари но...
Деп го изгуби „случајот на векот“, како што го нарекува „Дејли Мејл“, кој ја пренесе пресудата која е донесена!
Имено, Џони својата поранешна жена Амбер и британскиот весник „The Sun“ ги тужеше за клевета, а по 16 - дневното сослушување во Врховниот суд во Лондон беше донесена пресуда дека холивудската ѕвезда е „семеен насилник“.
Амбер на судот сведочела и посочила дека за време на нивната турбулентна врска и брак, актерот ја удрил 14 пати.
Како резултат на пресудата, кариерата на 57 - годишната ѕвезда е под знак прашалник, како и казната за овие кривични дела.
Деп го тужеше издавачот на весникот „The Sun“, „News Group Newspaprers (NCN)“ и нивниот главен уредник Дан Вутон поради веста која е објавена во споменатиот весник во април 2018 година во која е напишано во насловот дека Џони Деп е семеен насилник.
Херд, која дала интервју во тој текст открила дека била нападната 14 пати за време на нивната врска, додека Џони бил пијан и дрогиран и покажала и докази во вид на фотографии и видеа за својот исказ.
Во текот на 16 - дневното судење можеше да се види редок преглед во немирниот живот на еден од најубавите холивудски актери. Деп ги негираше сите тврдења и тврдеше дека неговата поранешна сопруга била насилна кон него.
И Деп и Херд ги изнеасоа доказите за она што е наречено „судење за клевета на векот“ и двајцата се обидоа да докажат дека оној другиот е всушност насилник.
Судењето го привлече вниманието на јавноста ширум светот поради деталите за пијанствата на Деп, дрогата, насилството, за токсичниот однос помеѓу нив двајца, а врвот на сето тоа е кога Деп кажа дека Амбер извршила голема нужда на нивната спална соба.
Пресудата на Врховниот суд во Лондон се доживува како победа на Амбер во „првиот круг“, бидејќи Деп ја тужеше и за текст кој го напишала во „Вашингтон Пост“ за насилствата во семјството, а во износ од 50 милиони долари и тоа судење е закажано за мај 2021 година во Америка.
Таа потоа го тужеше Деп за неверојатни 100 милиони долари, бидејќи кажала дека тој и неговиот тим започнале голема кампања за валкање на нејзиното име.