Колумбиец со краставица заглавена во ректумот тврди дека му пораснала таму

Веста дека пациент се појавил со туѓ предмет заглавен на место каде никогаш не сјае сонце не е изненадување, но објаснувањата дадени на лекарите во оваа прилика секогаш се бизарни и урнебесни...

Лекарите останале вчудоневидени кога маж од Колумбија признал дека најверојатно одгледал краставица во задникот затоа што премногу сака да го јаде овој зеленчук.

Неименуван 40-годишен маж пристигнал во локалната болница жалејќи се на непријатно чувство во задникот. Тврдел дека му било речиси невозможно да се движи, но не можел да објасни зошто. Рендгенската снимка им покажала на лекарите дека во неговиот ректум е заробен прилично голем туѓ предмет. Веднаш бил префрлен во операционата сала каде што му била дадена анестезија за лекарите да го отстранат туѓото тело, набрзо дознавајќи дека всушност се работи за краставица.

Пациентот им рекол на лекарите по процедурата дека не е сосема сигурен како краставицата завршила таму. Но, изјавил дека постои можност поради количината на краставици што ги консумира, една да му пораснала во дигестивниот тракт. Кога лекарите ја отфрлија таквата идиотска хипотеза, пациентот беше испратен дома.