Комарците пренесуваат опасни болести, но дали може да го шират коронавирусот?
Најголем непријател на луѓето во летниот период се секако комарците, инсектите за кои е познато дека го пренесуваат вирусот на Западно Нилска треска, инфекција со вирусот Зика, маларија од комарецот Anopheles како и разни други заразни болести кои можат да ги заразат луѓето. Но, што е со коронавирусот?
Пред извено време имаше разни студии за поврзаноста или неповрзаноста на комарците и Ковид-19 но што велат неодамнешните истражувања?
Со доаѓањето на потоплите денови, многумина поминуваат повеќе време во дворот и на нивните тераси, па лиѓето се прашуваат дали новата болестможе да се пренесе со каснување од комарци, пишува Fox News.
Постојат неколку видови на човечки коронавирус, вклучувајќи MERS и САРС, од кои секој предизвикува смрт. За разлика од нив, новиот коронавирус САРС-КоВ-2 е скоро непознат за медицинската заедница. Се разбира, она што е познато е дека семејството на коронавируси може да предизвика болест кај животните, но ретко е животно заразено со коронавирус да ја пренесе инфекцијата кај луѓето. Сепак, ова не важи за „Ковид-19“.
Неодамна, истражувачите потврдија веќе дека тигарите во зоолошката градина Бронкс се позитивни за коронавирусот, и се верува дека тие се заразиле во контакт со луѓето. Исто така, има извештаи дека во Америка се појавиле неколку случаи на заразени миленичиња, особено мачки, кои се заразиле по близок контакт со заразените. А токму најновите истражувања велат дека и мачките можат да се заразат со оваа опасна болест.
Затоа, повторно се актуелизира прашањето дали комарецот може да биде носител на коронавирусот?
„Нема нови извештаи дека коронавирусот се шири кај луѓето преку комарци“, изјави д-р Мери Шмит за „Fox News“, специјалист за заразни болести и интерна медицина.
- Ако тоа беше начин за пренесување на инфекцијата, ќе видевме случаи на Блискиот исток, каде што Блискоисточниот респираторен (МЕРС), го предизвикува коронавирусот веќе шест години - додаде Шмит.
Специјалистката за инфективни болести се осврна на истражувањата кои откриле дека ако комарец се храни со крвта на лице заразено со МЕРС, присуството на вирусот кај инсектите може да се открие на првиот ден. Сепак, за ова да стане закана за луѓето, тоа ќе треба да се случи преку одредени настани.
- За ова да се случи во реалниот живот, комарците треба да се заразат со вирусот за време на хранењето. Вирусот потоа се размножува во цревното ткиво, се шири на секундарни места, вклучувајќи ги и плунковните жлезди, и на крајот се ослободува во секрети (плунка). На тој начин, може да се инјектира во кожата на една личност за време на хранењето - објасни таа.
Шмит посочува дека комарците треба да продолжат да се следат. Американското здружение за контрола на комарците (АМКА) исто така објави дека ќе продолжи да ја следи состојбата заедно со службениците за јавно здравје.
Минатиот месец, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема информации или докази што укажуваат дека „Ковид-19“ може да се пренесе од комарци.