Конечно еден до друг како во минатото: Принцовите Вилијам и Хари заедно и оддадоа почит на својата мајка

Статуа на принцезата Дајана беше откриена во градината на палатата Кенсингтон

Нова декорација пристигна во градината на палатата Кенсингтон - статуа на принцезата Дајана. Тоа беше желба на нејзините синови Вилијам и Хари. Нејзиниот 60-ти роденден, кој таа требаше да го прослави вчера е идеална можност да и се оддаде почит на незаборавната и најсакана принцеза Дајана.

Сепак, поради острите мерки против пандемијата, церемонијата беше затворена за јавноста, иако имаше голем интерес, не само поради големата популарност што ја ужива Лејди Ди меѓу луѓето, и покрај тоа што ја нема веќе скоро 24 години, но и поради повторно обединетите принцови. 

Како што објави таблоидот „Сан“, поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс, отпатувал за Шкотска и не присуствувал на откривањето на споменикот. Не ја видовме ниту Кејт Мидлтон, а според неофицијалното објаснување, таквата одлука е донесена затоа што сопругата на Хари не можеше да дојде во Лондон. Меган Маркл се породи на почетокот на јуни и долго патување ќе ја исцрпеше. Сепак, Кејт вчера ја виде статуата заедно со децата, што е на некој начин логично - поранешната резиденција на Дајана сега е нивен дом.

Обожавателите на несреќната принцеза со денови оставаа цвеќе, фотографии и пораки пред влезната порта. Во наредниот период тие ќе можат да ја посетат познатата „Градина Санкен“, бидејќи тој дел од комплексот е отворен за посети. Потонатата градина беше едно од омилените места на Лејди Ди, па неодамна таа е украсена со нејзина статуа. Градината беше редизајнирана по повод свеченото откривање на споменикот, а стана побогата за уште четири илјади бели цвеќиња. 

Вилијам и Хари одржаа говор. Меѓу првите кои пристигнаа беше нивниот вујко, братот на Дајана, Ерл Чарлс Спенсер и сестрите Лејди Сара МекКордејл и Лејди Џејн Фелоус. Тие ги поздравија собраните пред зградата. Присутни беа и авторот на скулптурата Иан-Ранк Бродли, како и градинарот Пип Морисон, главниот и одговорен за „Потонатата градина“. Според „Мирор“, Хари пристигнал петнаесет минути пред почетокот на церемонијата. Од него не се очекува да остане во Лондон по настанот, туку да побрза дома во Калифорнија, каде го чекаат Меган и децата.

Кралицата Елизабета се уште е на турнеја во Шкотска и таа утре треба да се врати во главниот град за да се сретне со Ангела Меркел.


Фото: Profimedia