Конкурс за краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“
По повод октомври, месецот на штедењето, во рамки на кампањата за финасиска едукација на деца „Среќата е во малите чекори “, Халкбанк АД Скопје, објавува конкурс за најдобар краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“. Право на учество имаат сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Македонија.
Целта на оваа кампања е да им се помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финасиски поими и елементи и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење.
Преку интерактивни активности, Халкбанк АД Скопјесе стреми да поттикне навики за паметно штедење и одговорно управување со парите кај децата и младите. Оваа кампања ќе ги охрабри децата да ги развиваат своите финансиски вештини, да ги научат важностите на штедењето и да го почнат своето патување кон финансиска независност. Сите активности се спроведуваат преку брендот Халки, слончето кое е симбол на детското штедење и препознатлив лик кај најмладата публика. Халки се залага за инклузија, развој на креативноста и најважната порака која ја испраќа секојдневно, веќе четири години, е дека сите деца се исти и со исти права.
Децата и нивната иднина се најважни!
Расказите треба да се испратат на мејлот: pr@halkbank.mk, а конкурсот трае до 30 октомври, 2023 година.
За квалитетот на пристигнатите творби ќе одлучува тричлена комисија.
Најдобрите пет раскази ќе добијат Халки штедни книшки и почетна сума за штедење.
ПР објава