Корона мизерија: Во април нѐ посетиле само 171 турист, најмногу од Унгарија

Очекувано беше дека нема да имаме туристи поради корона кризата, вонредната состојба и затварањето на границите. Туризмот е најмогу погодена гранка скоро насекаде во светот, посебно во изминатите месеци. Сепак, Македонија некој ја посетил односно тоа се туристи кои во моментот на каранинот и вонредната состојба се затекнале тука. Бројките се поразителни.

За месец април, според  Државниот завод за статистика, вкупнот број на туристи изнесува 741, а бројот на ноќевањата 4 690. Од кои домашни 570, а странски 171. Странските туристи најчесто оделе на бања.

Бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99.1 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.2 %.

Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97.7 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97.8 %.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.0 %, а кај странските има намалување за 50.3 %. Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41.6 %, а кај странските има намалување за 50.4 %.

Еве по табели како изледа тоа: 

Извор: Државен завод за статистика