Короната ги доведе на раб на егзистенција: „Ја изгубивме работата - станавме бездомници“
Сега воглавно живеат во својот автомобил, „хонда сивик“ од 2009 година...
Пред два месеци Черил Докторчик и нејзиниот вереник, кои хонорарно работеле како обезбедување во локалните ресторани, останале без работа и морале да го напуштат изнајмениот стан, бидејќи повеќе не можеле да ја плаќаат киријата. Сега воглавно живеат во својот автомобил, „хонда сивик“ од 2009 година.
Черил уште од најрано детство живее во Хантингтон парк, јужното предградие во Лос Анџелес. Вели дека и порано и се случувало да остане без покрив над глава, но она што го доживува поради пандемијата е најтешкото искуство кое го доживеала.
„Порано можев да се измијам во тоалетите на локалните пазари, во „Мекдоналдс“ или во некој друг ресторан. Сега таму работат само со достава, па така тоа повеќе не е опција. Не сакаат да се мотаме низ нивните локали“ - вели таа.
Порано Черил можела да оди кај пријателките да се истушира, но сега „тоа не е во ред поради вирусот“. Поради тоа сега се мијат каде и да најдат или купат вода. Понекогаш изнајмуваме соба за да се избањаме, но тоа е можно само во хотелите кои се отворени за време на кризата.
„Порано можевме да изнајмиме соба кога имавме пари. Сега скоро два месеци секој ден се распрашував, но немав среќа“ - истакна Черил.
Среќни се кога ќе најдат соба во некој скромен локален хотел, каде ќе може да останат цела недела.
„Потоа, ќе пробаме да најдеме некоја работа. Се надевам дека дотогаш ситуацијата малку ќе се среди“.
Доколку имале работа, таа и вереникот заедно заработувале 1.800 долари месечно. Освен тоа, добивале и маркици за продукти. Киријата за еднособниот стан им изнесувала 1.350 долари.
Таа открива дека Хантингтон парк е крај во кој има многу бездомници.
„Разговарам со нив, но не е како порано, затоа што не сакаме да го шириме вирусот. Но кога разговараме, гледаме дека имаат исти проблеми како и ние“ - вели Черил.
На улиците има многу малку луѓе, кои и не ги гледаат бездомниците.
„Тоа е многу тажно. Ги разбирам и јас имам внуки и стара мајка, кои не можам да ги видам. Но, треба да знаат дека правиме се што можеме да го сочуваме здравјето. Никој не ни влегува во кола или соба, кога ќе успееме да ја изнајмиме. Носиме маски и маски, кога влегуваме во продавница. Ги почитуваме правилата за дистанцата“ - вели таа.
„Сакам да ја раскажам својата приказна во име на сите луѓе кои се во иста ситуација како и ние. Повеќе од било кога сакаме ова да се заврши“ - вели Черил, чија исповед илустрира колку пандемијата ги погоди луѓето и семејствата кои живеат на работ на егзистенцијата.