КОРОНАВИРУСОТ- сојузник на швалери и швалерки
Повеќе од 100 беа фатени во дивеењето, молејќи ги полицајците за една работа...
Речиси никој од овие швалери не се пожали дека мора да платат парична казна, но тие се молеле до полицајците и прекршочните судии да не знаат со кого биле фатени! Во текот на изминатите десет дена, полицијата во Србија фати повеќе од 50 љубовни парови во автомобилот на оддалечените патишта и парковите за време на полицискиот час!
Извор од полицијата изјавил дека љбовните парови кои скришум воделе љубовна јавно место за време на ограничувањето, биле затечени во неколку градови во Србија, но повеќето во Белград.
Вакво нешто сигурно го има и кај нас во Македонија, па сигурно во текот на наредниве денови ќе има и таква информација.
- Тие биле пронајдени на неколку локации во Белград. Така, на пример, патрола пред неколку дена, покрај патот, видела како се лулка автомобил во темница. Полицајците се приближиле до тој автомобил и ја виделе љубовната двојка „во акција“. Средовечен човек и неговата партнерка беасосема отсутни и не ги забележаа ниту полицајците, па моравме да тропнеме на прозорецот. Не е тешко да се замисли шок на нивните лица. Тие се облекоа набрзина и излегоа од автомобилот - вели низ насмевка изворот.
- Приведениот пар не барал ниту казна. Човекот се чинеше нервозен, ги праша полицајците дали казната ќе му биде изречена веднаш или ќе му биде испратена. Тој бил загрижен само дека неговото семејство не знае каде и со кого бил фатен за време на полицискиот час - изјави извор близок до настанот.
Според него, сличен случај се случил на Ада Циганлија, недалеку од полицискиот комплекс.
- Љубовна двојка е фатена во автомобил на паркингот. Полицајците ја забележале вратата отворена на еден автомобил и две лица внатре. Кога полицајците им рекле дека морале да ги приведат за кршење на забраната, двојката побарале да бидат ослободени. Тие се плашеа дека ќе имаат големи проблеми во нивните семејства ако се открие каде се наоѓаат и со кого биле фатени, но сепак биле испратени на прекршочен судија - рече изворот.
Инаку, прекршокот на полицискиот час во Србија се казнува од 50.000 до 150.000 динари, но оваа казна може да се замени и со затвор, при што секој ден поминат зад решетки „вреди“ 1.000 динари.