КОРОНАВИРУСОТ кажа КОГА ЌЕ ЗАМИНЕ, ама сега има дополнување: Сносете ги последиците!

Текстот без надополнувањата беше доволен за предупредување и како таков стигна до многумина изминативе месеци. Но очигледно, стариот текст доби нов тек... 

Мајката Природа одамна нè предупредува, Земјата не може повеќе да издржи ... но не можеме да кажеме СТОП !!!

- Дојдов како гласник,

Да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја разбудам свеста. Пожарите не ве спречија, поплавите не ве спречија, земјотресите не ве запреа! 

И дополнувам- немате памет!

Живеевте брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочината на џебот, убавината, модата, ароганцијата, вашите срца полека замрзнуваа! 

Дополнувам- и со одмрзнати срца не знаете кај терате!

Го заборавивте звукот на птиците, го заборавивте звукот на мрморењето на реката, вашите најблиски, богатството на вашето семејство и вашето здравје. Ништо не можеше да ве спречи! 

И дополнувам- Сега ви се овозможи и тоа- и со и без изолација и во карантин и без него... Научивте ли нешто! Изгледа дека не, чим сум присутен уште!

Дали сега ја слушате тишината како зборува? Дали ги слушате криците на птиците на пустите улици низ градовите. Погледнете во небото, авионите не летаат, но ќе видите sвезди, ќе видите бесконечно чисто небо што јасно ни испраќа порака. Ќе научите што значи кога тишината зборува. Ќе ги отворите одамна затворените очи, додека пуст гледате низ низ прозорците на вашите скапи станови. 

Научивте? Се сомневам!

Ќе сакате да вдишете од убавината на оваа тишина, без гласните звуци на автомобили, избезумени луѓе кои како муви без глава трчаат напред – назат во текот на денот да ги извршуваат сите задачи и да не видат никој освен себеси, брзината на животот, животот на брзата храна, технологијата ...

Не плашете се, јас не сум ваш непријател, јас сум тука да ве предупредувам, дека живеете премногу брзо, дека сте одговорни за бавното исчезнување и смртта на планетата, не, не сум јас - тоа сте вие. Сè е во ваши раце. 

Дополнувам: Вам и светот да ви го стават на дланка нема да се опаметите! 

Дали сега имате време кога сте затворени во вашите куќи за да погледнете на небото и да сфатите дека има некој горе, кој ве гледа? 

И дополнувам- излеговте од дома, кај терате, мислите дека е крај? Вашот ментален склоп привидно се променил дома, надвор пак сте оние истите- себични!

Дали имате време да го разбудите вашиот ум размислувајќи затворено во 4 sида, додека гледате како сонцето ве поканува надвор и сте заробени во оваа агонија? Колку пати сте размислувале за важноста на здравјето, и кое е вистинското богатство? Колку пати сте размислувале за најлошото сценарио? Стравот е сега внатре во вас ... Паника! 

Дополнувам- Реков колку пати сте размислувале за важноста за здравјето, вашато и на вашите? Тоа размислување траеше колку да се каже така, ве гледам на улиците, рестораните, погребите без маски, без општа култура...

Целиот свет е и беше во состојба на паника, до пред извесно време бевте низ преполни трговски центри, се одморивте дома и пак тргнавте сега во поход, без срам, страв, култура, грижа ... 

Вие не ме гледате! 

Дополнувам: Нити знаете кај сум, а можеби сум до вас...

А, тука сум! Од секој агол на планетата, ве гледам и чекам ... Го чекам мојот момент на заминување кога ќе бидам сигурен дека ја научивте лекција!

Очигледно не ја научивте! Сносете ги последиците!