Коронавирусот на лето значитено ќе успори, на есен втор бран: Харвард со испитување на 3.739 локации ширум светот

Највлијателниот Хрватски научник, но и најекспонираниот, Гордан Лауц  ја сподели на Фејсбук веста за студијата на американскиот универзитет Харвард, која потврди дека коронавирусот може да биде сезонски.

"Анализата на ширењето на вирусот на 3.739 локации низ целиот свет ја потврди претпоставката за значителна сезоналност на вирусот САРС-КоВ-2. Времето секако не е единствениот фактор и не треба во потполност да се опуштимеи да се вратиме на старо, но  веста што буди надеж за релаксирање на мерките кои сега се случуваат, нема да доведе до нов бран пандемии. Ова веројатно значи дека треба да ги отвориме училиштата што е можно поскоро и да им овозможиме на децата да имаат нормален крај на учебната година.

За оние кои велат во медиумите дека строгите мерки не биле во ред, ова е лоша вест, затоа што потврдува дека без пресудни мерки во март ќе имавме многу експоненцијален раст на заразени и многу мртви и болни.

Ова е исто така лоша вест за оние кои се залагаат за одржување или повторно воведување на строги мерки, бидејќи покажува дека многу благи мерки на претпазливост се доволни во овој период од годината “, напиша Лауц.

Што откри студијата на Харвард?

Голема студија спроведена од Харвард, МИТ и други институции простудираа како временските услови, поточно порастот на температурата и влажноста, влијаат на ширењето на коронавирусот, пренесува „Вашингтон пост“.

Проучувале 3.739 локации ширум светот и заклучиле дека просечните температури над 25 Целзиусови степени значително го намалуваат ризикот од инфекција. Секое дополнително покачување на температурата од 0,6 степени над тоа ниво е поврзано со 3,1 процентно намалување на репродуктивниот број на вирусот, наречен R0. Ова е просечен број на нови инфекции генерирани од секое заразено лице. Кога R0 падне под 1, епидемијата почнува да исчезнува.

Но, како што забележуваат научниците, како и секое досега слично истражување, ова потврди дека летото нема целосно да ја запре пандемијата. Научниците забележуваат дека коронавирусот веројатно ќе се однесува како САРС и МЕРС, односно дека ќе ослабне за време на потоплите временски услови, но дека тоа значи и дека по летото бројот на инфекции ќе се зголеми во есен.

Дејвид Хејман, професор на лондонската школа за хигиена и тропска медицина, предупредува дека ваквите студии треба да се преземат со голема претпазливост.

„Овие се лабораториски тестови, а не реални ситуации. Од ден на ден сме сведоци на пренесување на вирусот КОВИД-19 во повеќето делови на светот, дури и во тропските предели“, рече Хеман.

Во врска со истражувањето за влијанието на влажноста врз ширењето на вирусот, студиите покажаа дека вирусите како што се коронавирус и вируси на грип се шират побрзо на сув воздух, додека поголема влажност предизвикува капките на вируси да паѓаат на земја побрзо и да останат во воздухот пократко.

Шефот на ХЗJЗ, Крунослав Чапак, вели дека вториот бран на епидемијата е сигурен.

„Постојат само две сценарија ако вирусот не исчезне или се промени - или колективен имунитет или вакцинација. Вакцината не е веројатна во рок од една година.

Ќе има пауза во текот на летото. Ако вирусот е сезонски, како грипот, голема е веројатноста овој втор бран да се врати во есен. Ако продолжиме со оваа динамика, тогаш ќе останат доволно чувствителни луѓе за повторно да се придвижи болеста “, рече Чапак во неодамнешното интервју за„ AlJazeera “.