КОРОНАВИРУСОТ на сите ни упати порака: ЕВЕ КОГА ЌЕ ЗАМИНАМ!
Мајката Природа одамна нè предупредува, Земјата не може повеќе да издржи ... но не можеме да кажеме СТОП !!!
- Дојдов како гласник,
Да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја разбудам свеста. Пожарите не ве спречија, поплавите не ве спречија, земјотресите не ве запреа!
Живеевте брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочината на џебот, убавината, модата, ароганцијата, вашите срца полека замрзнуваа!
Го заборавивте звукот на птиците, го заборавивте звукот на мрморењето на реката, вашите најблиски, богатството на вашето семејство и вашето здравје. Ништо не можеше да ве спречи!
Дали сега ја слушате тишината како зборува? Дали ги слушате криците на птиците на пустите улици низ градовите. Погледнете во небото, авионите не летаат, но ќе видите sвезди, ќе видите бесконечно чисто небо што јасно ни испраќа порака. Ќе научите што значи кога тишината зборува. Ќе ги отворите одамна затворените очи, додека пуст гледате низ низ прозорците на вашите скапи станови.
Ќе сакате да вдишете од убавината на оваа тишина, без гласните звуци на автомобили, избезумени луѓе кои како муви без глава трчаат напред – назат во текот на денот да ги извршуваат сите задачи и да не видат никој освен себеси, брзината на животот, животот на брзата храна, технологијата ...
Не плашете се, јас не сум ваш непријател, јас сум тука да ве предупредувам, дека живеете премногу брзо, дека сте одговорни за бавното исчезнување и смртта на планетата, не, не сум јас - тоа сте вие. Сè е во ваши раце.
Дали сега имате време кога сте затворени во вашите куќи за да погледнете на небото и да сфатите дека има некој горе, кој ве гледа?
Дали имате време да го разбудите вашиот ум размислувајќи затворено во 4 sида, додека гледате како сонцето ве поканува надвор и сте заробени во оваа агонија? Колку пати сте размислувале за важноста на здравјето, и кое е вистинското богатство? Колку пати сте размислувале за најлошото сценарио? Стравот е сега внатре во вас ... Паника!
Целиот свет е во состојба на паника, а до пред неколку дена бевте низ преполни трговски центри, и сега сè е празно ... Вие не ме гледате!
И тука сум! Од секој агол на планетата, ве гледам и чекам ... Го чекам мојот момент на заминување кога ќе бидам сигурен дека ја научивте лекција!