Кошмар машина- Инструмент кој прави музика за хорор филмови

Иако, повеќето мислат дека хорор филмовите се страшни поради чудните сцени и чудовиштата, многу од нив не сфаќаат дека музиката е токму таа која има најјак ефект на нашата психа и страв и која ги провоцира најстрашните емоции.

Звукот и музиката се најодговорниот дел од филмот кој не тера да го почувствуваме она што го гледаме, а целта на хорор жанрот е во нас да разбуди различни емоции и да предизвика страв во нашето тело.

Музиката која се користи во хорор филмовите обично е доста различна од музиката која се користи во другите жанрови. Таа обично се состои од специфични звукови како тропање, грицкање, пукање и искомпонирана е со ветровити и грозни мелодии, кои предизвикуват ежење кај човечкото тело.

Токму поради создавањето на ваква музика и создавање хорор филмови, креирана е направа која е наречена „Кошмар машина“. И која произведува непријатни звуци кои се совршени за страшните филмови и кои ќе ве прогонуваат, дури и кога спиете.

Погледнете го видеото и откријте како се создава најстрашната музика која се користи во хорор филмовите.