СЕЈФ СИТИ ГО ФАТИ НАЈБРЗИОТ ВОЗАЧ! На скопската обиколница возел со неверојатни 231 километар на час!
Камерите на системот Сејф сити успеаја да го регистрираат најбрзиот возач во Скопје. Возачот возел на скопската обиколница на први декември и возел со 231 километар на час.
Оваа информација ја открија Маја Арсовска Манов - началничка во Секторот за сообраќајни работи на МВР и Владимир Велковски, државен советник во кабинетот на министерот Тошковски.
Денес е четвртиот ден од пробното тестирање на Сејф сити, а во првите три дена се покажа дека на возачите најтешко им паѓа ограничената брзина.
Во првиот тест период за 24 часа, односно на 1 декември, системот регистрирал 110 илјади прекршоци, а според информациите на МВР, на втори декември тој број се преполовил и изнесува 50.652 прекршоци. Најголемиот дел од нив, 48.861 се прекршоци за брзина, 1.336 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.
Најмногу прекршоци имало на излез од Скопје кон Тетови - вкупно 4.300, како и на булеварот Никола Карев - три илјади прекршоци.
Извор: ФАКТОР