Кралот на Инстаграм пропаѓа: Според „Форбс“, неговата фирма е на работ

Дан Билзеријан, од многумина прозван како крал Инстаграм, додека објавува нескротливи фотографии полни со секс сцени, реномираниот Форбс пишува дека на неговата компанија "Ignite International Brands Ltd." не ѝ се пишува добро.
Според минатогодишниот финансиски извештај, компанијата загубила дури 50 милиони.
Компанијата, наводно, ги продава своите производи во Мексико, Канада, Ирска, Велика Британија и САД. Ignite продава производи од коноп, вода, вотка и облека, а во 2019 година потроши 31,6 милиони долари. Најголем дел од нив се однесуваше на маркетинг, промоција, изнајмување простор и плати.
Покрај тоа што потроши многу пари на перверзни забави, се чини дека Дан ги искористи парите на компанијата за да ја исплати својата плата и да ги покрие патните трошоци за другите компании што ги поседува.
Билзеријан, патем, го стекна своето богатство (кое тој безмилосно го троши на жени) благодарение на команијата за даноци од неговиот татко, експерт за деловно претприемништво Пол Билзеријан.
Дан отсекогаш се фалел дека заработил многу пари во покер, но тоа е само дел од вистината и мало парче пари.