Кралски ПИТОН шета низ Загреб: Никој не знае каде е, сопствениците во тага
Не е прв пат вакво нешто да се случи во Загреб. Пред неколку години имаше сличен ваков случај. А сега, во главниот град на Хрватска се трага по змија од видот кралски питон која исчезнала од дворот на сопствениците.
„Станува збор за тригодишна женка по име Зое, која е долга околу еден метар. Таа се сончала во градината, но нејзината сопственичка на кратко го оттргнала вниманието, по што змијата отползила во непознат правец“, напишаа од Центарот за животни „Думовец“ во објава на „Фејсбук“.
„Јавете ни се и ние ќе веднаш ќе ја преземеме. Иако Зое веројатно не би ви направила ништо, бидејќи е животно што не го познавате, не ја допирајте“, напишаа од Центарот за ќивотни на кој сопствениците се обратија со молба да се најде миленичето.
Од Центарот исто така апелираат луѓето да не се плашат од змијата и да ги повикаат доколку ја забележат.