Креативна магија во центарот на градот

Секој од нас се раѓа како мал креативец и без разлика што животот ни ги "одзема" овие способности, талентот секогаш го пронаоѓа својот пат.


Нашето "потесно" семејство брои повеќе од 80 ракотворци од тинејџери до пензионери, не разликуваме полови, степен на образование, верски или други припадности. Добродојдени се сите талентирани креативни луѓе со магични раце и љубов за она што го работат.п

Бројот на занаетчии во Еснаф постојано се зголемува. Богати сме со креативци и изработувачи кои го бараат своето место на пазарот. Еснаф станува препознатлив по големиот избор на уникатни производи и персонализирани подароци и успешно ги задоволува желбите на најпребирливите купувачи.


Од друга страна, нашите луѓе подаруваат т.н. сигурни подароци: книги, козметика, марами.... вистина е дека убава книга никогаш не е вишок, но ни недостасува имагинација.
Во Еснаф доаѓаат луѓе кои размислуваат надвор од рамката, кои сакаат да подарат пред се љубов, а потоа предмет. Секое парче има свое име, своја приказна, носи порака. Купувачот може да се препознае себеси, или оној на кого подарува во некое специфично парче.
Кога луѓето бираат подарок, без разлика дали е некое парче накит, декоративен предмет, некој додаток, имате прав ритуал, цела "анализа" на личноста, возбуда, радост дека ќе израдувате некоја драга личност, некое посебно задоволство. Кога си заминуваат со подарокот, заминуваат со целата среќа на светот.

Македонија била една од земјите што, покрај појавата на индустријализацијата, успеала да ги зачува и одржи занаетите во живот. Така и ние, неколку века подоцна, нашата инспирација ја црпиме токму од минатото, од богатата традиција и култура со која се одликува нашата земја.

Институтот Креативна Македонија, во чии рамки е создадено СП Еснаф и чија мисија е развојот на креативниот и иновативниот потенцијал кај луѓето од сите возрасти, е организатор и спроведувач на повеќе циклуси работилници. Овие работилници под мотото" Создади наследство, научи занает" се оддлична можност да се изучуваат различни занаети како вeзење, плетење, шиење, изработки на накит во различни техники и др.. Интересот е навистина голем, а ние сме пресреќни што придонесуваме дел од занаетите да останат актуелни.

Се наоѓаме на нова локаци во центарот на градот, во близина на Грчката Амбасада.

Веб страна и онлајн продавница:www.esnaf.eu

Пролетниот каталог:http://online.fliphtml5.com/kuxal/nheh/#p=1
Facebook:www.facebook.com/esnafeu/
Instagram:www.instagram.com/esnaf_eu