Кремљ: Путин е отворен за преговори со Украина, но...

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е подготвен да разговара со Путин доколку официјалниот претставник на Кремљ бара начин да стави крај на војната, но дека Путин се уште не го навестил тоа.

Сепак, претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти Кремљ.

„Претседателот на Руската Федерација отсекогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Бајден.

„Најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“, рече Песков, додавајќи дека Путин бил, е и останува отворен за контакти и преговори.

Путин рече дека не жали што започна, како што ја нарекува, руската „специјална воена операција“ против Украина и дека војната ја гледа како пресвртница кога Русија конечно се спротивстави на арогантната западна хегемонија по децении понижување во годините по падот на Советскиот Сојуз.

Украина и Западот велат дека Путин нема оправдување за, како што ја нарекуваат, окупациска војна во империјален стил. Украина вели дека ќе се бори додека последниот руски војник не биде протеран од нејзина територија.