Кремљ вели дека секоја одлука за употреба на ракети со долг дострел против Русија ќе доведе до „зголемување на тензиите“

Од Кремљ рекоа дека ако САД и дозволат на Украина да користи оружје произведено од САД за да нападне далеку во Русија, тогаш тоа ќе доведе до пораст на тензиите и ќе го продлабочи учеството на САД во конфликтот.

Говорејќи на својот редовен дневен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема промена во позицијата од она што Владимир Путин го кажа во септември. Рускиот претседател рече дека ќе ги смета нападите од американско оружје на руска територија како директно вклучување на НАТО во конфликтот.

Како одговор на прашање на Тас, Песков рече дека Русија била запознаена со очигледната одлука на администрацијата на Џо Бајден само од известувањето во западните медиуми.

Запрашан за неодамнешните чекори кон мир на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Песков рече дека секое таканаречено „замрзнување“ на конфликтот долж постојната линија на фронтот е неприфатливо за Руската Федерација.

Кремљ објави фотографија на која се гледа денешната средба во Москва меѓу претседателот Владимр Путин и Евгениј Балицки, кој е гувернер поставен од Москва во деловите на украинската област Запорожје, окупирани од Русија.

Извор: Гардијан