Крис Џенер: Првата северноамериканка што го има 2021 Rolls Royce Ghost

Крис Џенер има колекција луксузни автомобили и се чини дека не запира спо колекционирањена најскапите.

Sвездата на кланот Карашијан стана првата личност во Северна Америка сопственик на 2021 Rolls Royce Ghost.

Ова го откри на Инстаграм, и стана првата горда сопственичка на луксузниот автомобил вреден 332.500 долари

„Воодушевени сме што првиот предаден 2021 Rolls Royce Ghost во Северна Америка и припадна на нашата сакана клиентка @krisjenner“, нашишаа од компанијата.

Автомобилот е зачудувачки, а ова не е прв Ролс Ројс во нејзината колекција бидејќи нејзиното супер-богато семејство има историја на подароци и примање автомобили.

На 63-от роденден на Крис, ќерката Кајли Џенер и купи на мајка си автомобил од соништата - црвено Ферари од 488 Gran Turismo Berlinetta, и тоа е само едно од многуте возила кои и беа подарени.