Кристијан Голубовиќ го прослави првиот роденден на синот Константин: На наследникот му приредија забава од соништата

Парот уживаше во прекрасниот ден на нивното мало момче

Кристина и Кристијан Голубовиќ приредија прослава по повод првиот роденден на наследникот Константин!

Овој пар кој ја започна својата врска во реалното шоу „Задруга“, денес одлично се сложува и со нетрпение го чека своето второ дете.

Кристина цело време беше насмеана, во краток фустан и високи потпетици, додека Кристијан се трудеше да се погрижи сите гости да бидат почитувани, услужени и задоволни.

Меѓу присутните на прославата беа и родителите на Кристина, Славица и Драган, како и сестрата на Кристијан, Кристина.

Темата на роденденот беше космосот - планети, ракети, астронаути, бидејќи малото момче очигледно го интересира оваа тема.

View this post on Instagram

A post shared by (@kristina_spalevic)