Куче наследи 5 милиони долари: Му се може

Љубовта што постои помеѓу куче и неговиот сопственик е нешто прекрасно

Кога станува збор за Лулу, осумгодишен Бордер Коли, таа љубов доби цена од пет милиони долари. Спрема извештаите, Лулу го наследила имотот на нејзиниот сопственик Бил Дорис во Нешвил и милиони долари по неговата смрт. Како што се дознава, за Лулу сега се грижи Марта Бартон, која спомена дека добро го познава кучето, бидејќи нејзиниот сопственик честопати ја оставал со Марта кога требало да оди некаде. Во тестаментот на сопственикот стои следново: 

„5 милиони долари ќе бидат префрлени во фонд што ќе се формира по мојата смрт за да се грижи за моето куче Лулу“. Фондот ќе биде искористен за сите нејзини потреби, а Лулу ќе биде во сопственост на Марта Бартон “.

Останува да видиме кога Лулу ќе почне да ги троши своите пари, а нејзиниот сегашен сопственик само се насмеа на спомнувањето сад за храна направен од чисто злато или дијамантски ѓердан. Првиот сопственик на ова куче, осумдесет и четиригодишниот Дорис, беше ерген и успешен бизнисмен кој поседуваше голем број имоти и беше инвеститор. Неговиот имот во моментов е во фаза на проценка и не е познато колку е вреден, но сигурни сме дека Лулу има доволно пари за да си дозволи слатки и храна и се‘ што ќе посака.