Куќата за неколку часа можете да ја спакувате и да се преселите.
Таа е направена од бетон и други јаки материјали, но за разлика од класичната куќа може да се постави на друга подлога без темел.
Кујната, бањата и спалната се од задната страна за да луѓето имаат приватност, а напред има стакленик кој овозможува внатре да има светлина.
Соларни панели има на куќата, а температурата внатре е таман, било да е лето или зима.
Создавачите велат дека овој објект може да се користи за живот, да се преселите со него, да ви биде канцеларија, кафуле и се друго што ќе посакате.