Куќата на Марк е најмалата што сте ја виделе некогаш: Има само 7 метри квадратни, а всушност има сè! Неверојатно...

Како можете да си го организирате животот во само неколку квадрати, покажува примерот на архитектот и дизајнер Марко Пјераци, сопственикот на најмалата куќа во Италија! Неговата викендица, имено, има само седум квадратни метри.

Неговиот дом бил изграден во 1700 година. Пјераци го купил од опатијата на Свети Петар. Изгледал како вистински кошмар. Дрвените греди скапувале, малтерот од ѕидовите паднал на подот, со еден збор, како да не е направено ништо од кога е изградена. Приказната за најмалата куќа во Италија беше актуелна уште во 2014 година, но, колку што знаеме, таа и денес го држи рекордот по големина. 

Иако е мала, неговите модерни решенија ја прават најкреативна и најелегантна куќа. Идејата на Марк беше да ја искористи висината на куќата. Така, трпезаријата, кујната и бањата биле сместени во седум квадрати, а спалната соба била подигната до галеријата. 

Скалите кои водат до спалната соба имаат уште две намени, бидејќи висината на скалите се одредува според потребната висина за поткровјето, но и за седење на мала маса до нив, на која можат да седат три или дури четири лица. Кога масата не е во употреба, може да се закачи на ѕид и на тој начин да заштеди дел од просторот. 

Просторот под скалите се користел за полици и бања, која е доволно удобна за туш. Поткровјето има и „таванска врата“ која може да се спушта навечер за некој да не падне по скалите. 

Креветот може да се претвори во софа и потоа спалната соба со телевизорот закачен на ѕид ја добива улогата на дневната соба. Проблемот со куферите Пјероци го решил така што ставил кука над влезната врата.


Фото: lacasapiupiccoladitalia