Куку мајко, стриптизета се заканува дека ќе објави голи слики со принцот Хари: Ако е вистина, „ќе пукне брука“
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Упати закани затоа што е повредена и лута
Кери Ројал (52), поранешна стриптизета, се заканува дека ќе објави фотографии од нејзиниот бакнеж со принцот Хари, направени во Лас Вегас на една од неговите луди забави.
Кери, како што пренесува „Дејли мејл“, сака да му се одмазди на принцот Хари кој ја бакнал. Имено, тој организираше забава со стриптизерки во 2012-та година во хотелот „Wynn“. Голите фотографии од тогаш 27-годишниот принц и жената која го гушка, објави „The Sun“ пред 12 години.
Поранешната стриптизерка им кажа на новинарите дека има повеќе „материјал“ што треба да ја види светлината на денот и се закани дека сето тоа ќе го објави на нејзината страница на „OnlyFans“.
Фото: Splash News / Splash / Profimedia
„Имам повеќе негови многу проблематични фотографии кои јавноста никогаш не ги видела. Луѓето би биле шокирани од она што би го виделе. Зошто го правам ова? Затоа што сум бесна на начинот на кој сум прикажана во неговата книга или поточно ме навредува на најлош начин. Всушност ме чуди што воопшто се сеќава на мене затоа што беше пијан како летва. Ама кога веќе ме фати во таа приказна зошто не се сети на некоја друга работи во книгата“, рече Кери.
Поранешната стриптизета дури на аукција ставила пар црна долна облека што му припаѓала на Хари во 2022-ра година.
Наводно, тој бил гол, свирел гитара пред неа покрај базенот во Лас Вегас, пред да ѝ подари црна долна облека.
„Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа, особено неговата смисла за хумор. Барем овие панталони се потсетник каков беше... кога Хари беше принцот на забавата. Штета што тој е сериозен овие денови. Дури и како оженет татко на две деца, тој треба да се релаксира одвреме-навреме и да ја пушти косата, она што остана од неа“, заклучува Кери.
Извор: espreso.rs