Купете си имот на месечината- бадиела е: Познатите ѕвезди веќе си купија

Кој од Земјата може да купи недвижен имот на Месечината?

 Краткиот одговор е: СИТЕ. 

Додека Лунарната амбасада ја третира доверливо нивната листа на клиенти, можеме да откриеме дека приближно 675 многу познати личности и тројца поранешни претседатели на Соединетите Американски Држави сега се вонземски сопственици на имот и поседуваат недвижен имот на Месечината. 

Ова вклучува приближно 15 главни актери од оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, како и серијата „Нова генерација“ и „Војаџер“. Многу компании купуваат лунарни градови или држави за да им ги дадат на своите клиенти. Љубовниците ги купуваат како подарок за своите сакани. Инвеститорите ги купуваат за нивните деца. 

Списокот на луѓе што ги купуваат е бесконечен. Стоматолози, адвокати, медицински сестри, вљубеници во вселената, патници, доктори, таксисти, полицајци и до сега, околу 30 вработени во НАСА. На последното пребројување, над 6,011,311 луѓе веќе се горди сопственици на нивниот вонземски имот...

ЛУНАРНАТА АМБАСАДА е единствениот светски авторитет за продажба на недвижен имот на Месечината и други планетарни недвижности (вклучително и Марс) во познатиот Сончев систем. 

Можеби не можеш да го поседуваш овде имет… .но можеш да го поседуваш таму горе!

Еве кој досега од познатите има купено имот на месечината:

1. Шах Рух Кан

2. Сушант Синг Рајпут

 3. Барбара Волтерс

 4. Том Круз

5. Џон Траволта

6. Никол Кидман

7. Роналд Реган

8. Џими Картер

9. Џорџ В. Буш...

Мораме да напоменеме дека недвижнините се многу евтини на месечината. Еве го и официјалниот сајт на Лунарната амбасада https://lunarembassy.com/who-buys-moon-real-estate/ каде можете да ги видите цените, да ти одберете ваше место и да си купите. Исто така, тие продаваат и недвижнини на Марс.

Па, ако ве наведе патот... И ако си купите имот таму горе... Раскажете како сте си поминале...