Лажниот Путин го следат милиони на ТикТок: Го гледаат како танцува и го чисти снегот, веруваат дека е вистински
Многумина кои го следат лажниот профил не се ни свесни дека станува збор за „голема измама (Deepfake)“
На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори профил на ТикТок наречен „Првиот човек на Русија“, посветен на рускиот претседател Владимир Путин. За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.
Каналот објавува лажни снимки од актер кој го имитира Путин.
Технологијата „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на личност.
Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.
На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува на популарните хитови на ТикТок, ја посетува теретаната, сауната, покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.
Колку е популарен профилот, најдобро сведочи видеото како „Путин“ ја испробува својата омилена кошула, кое е прегледано повеќе од 90 милиони пати, пишува РТЛ.
@1facerussia Годы летят...Но старая рубашка ещё налезает #естьсходство #необычныйобраз #непоймивочто
оригинальный звук - Oksukpaevak
Некои корисници не разбираат дека „Путин“ на снимките е креација на вештачка интелигенција и му поставуваат прашања на „претседателот“, а тој „со задоволство им одговара“.
- Бањата заздравува, бањата испарува, бањата става сè на свое место - вели „Путин“ на видеото каде е во руската сауна.
Профилот се занимава со проблемите со кои обично се соочуваат руските провинции.
Во неколку наврати, лажниот Путин го чисти снегот во Новосибирск и вели дека патиштата не треба да се чистат „освен кога тој доаѓа во посета“.
@danikpro32 #дуэт с @1facerussia
оригинальный звук - Первое лицо
(Телеграф.рс)