Легендарниот играч денес живее како цар: Тоа што го заработи во фудбалот по кариерата го зголеми пет пати

Поранешниот напаѓач на Интер Обафеми Мартинс по завршувањето на фудбалската кариера се врати во Нигерија, а денес живее како ѕвезда во родниот Лагос. Кариерата ја заврши во 2021 година и се сврте кон приватниот бизнис, што изгледа беше полн погодок.

Неговиот прв приватен бизнис беше лансирањето на ланец за облека, чие лого е неговото препознатливо салто, со кое често славеше голови. На крајот на 2023 година, тој се вклучи во угостителската индустрија, отворајќи ноќен клуб наречен Коза Ностра, кој сега е едно од најпопуларните места за излегување во Нигерија.


Мартинс испраќаше пари во родната земја за својата играчка кариера, отвори и фондација за најзагрозените, а сега се чини дека сето тоа му се враќа бидејќи многу добро му оди во бизнисот. Добро му оди и на приватен план бидејќи негов најголем поддржувач е неговата атрактивна сопруга Надин Нфеми.

Поради раскошниот начин на живот, тој е гостин на сите поголеми општествени настани, а на неодамнешниот настан се пофали со раскошната облека. На себе имал парчиња во вредност од неколку десетици илјади евра.

Во кариерата во која меѓу другите ги носеше дресовите на Интер, Њукасл и Волфсбург заработи вкупно 4,5 милиони евра, а денес неговото богатство се проценува на 22,5 милиони евра, а ова е најдобар доказ за тоа колку подобро тој е бизнисмен отколку фудбалер.