Легендата за Јоргованот: Како ѝ помогнал, а што направила таа

„Луѓето велат дека кога Го распнале Христос, Пресвета Богородица, скршена од болка и заслепена од плачење, одела бесцелно, не знаејќи каде оди.
Одејќи под товарот на болката, таа седнала да се одмори под дрво полно со лисја, но без цветови. Никогаш не ни цветало.
Толку уморна, таа заспала Потоа, лисјата полека почнале да паѓаат од дрвото и нежно ја покриле Пресвета Богородица за да се стопли.
Кога се разбудила Пресвета Богородица, и било топло. Таа видела лисја на себе. Го погледна дрвото над неа, било целосно без лисја. Затоа не и било ладно- на неа сите паднале
Таа го благословила дрвото: „Биди благословено и миризливо засекогаш“.
Во еден миг дрвото се наполнило со зелени лисја и за прв пат процветало со миризливи цветови.
И така до денес.
Некаде околу Велигден се случувало ова.