Љубе Бошковски и Павле Трајанов на промоција на книгата на Џаро

Местото каде што го организирал првиот концерт, Домот на култутрата во Ѓорче Петров, поранешниот менаџер Велибор Џаровски- Џаро го избра за да ја одржи предпромоцијата на својата книга „Џаро- најголемиот режисер на Титоизмот“. 

Во книгата ги има речиси сите доживувања на Џаро од Вардар до Триглав, во времето кога им бил манеџeр на најголемите екс југословенски ѕвезди, и кога местел фудбалски натпревари во поранешните југословенски лиги. 

-Решив за првпат да ја претставам книгата овде пред вас, моите ѓорчепетровци, затоа што токму овде ја организирав првата игранка со групите „Бис Без“ и „Светци“. Подоцна, овде имав концерти со сараевската група „Индекси“. Претходно ова место беше КУД „Григор Прличев“ и се одржуваа сите главни забави. Ние од Ѓорче, кога одиме во центар, уште велиме дека одиме во Скопје. Книгава е засега напишана на српски јазик, и ќе се продава во регионот, но пред да ја видат сите, сакав прво да ви ја покажам на вас, моите пријатели и комшии“, рече Џаро на настанот. 

Меѓу гостите беа д-р Јовица Угриновски, кој Џаровски го нарече неговиот втор Господ, а меѓу пријателите кои дојдоа беа и Љубе Бошковски, претседатеолот на партијата Обединети за Македонија“, како и Павле Трајанов, од Демократски сојуз.  

 Во своето обраќање пред гостите, Џаро раскажа дел од неговите ангедоти, а на присутните им прочита и сегмент од книгата. „Мојата прва измама се случи токму во Ѓорче Петров, кога ги излажав домашните дека добиле автомобил „Фиќо“ на наградна игра“, издвои од книгата Џаро. 

(Р.М.М)