Лудило: Научниците децидни дека брадата е заштита која спасува живот во борба
Научниците од САД решија да ја утврдат целта на брадата на мажот, па дошле до заклучок дека таа започнала да расте со еволуција со цел да ги намали ударите во главата со кои се здобивале пештерските луѓе.
Ако верувате во еволуција, тогаш ќе ја поддржите теоријата дека луѓето еволуирале од мајмуни. Сепак, мајмуните немаат брада како нас и не можат да ја пуштат и да прават различни стилови од неа. Па, зошто тогаш мажите имаат брада и за што навистина служи?
Долги години, истражувањата укажуваат дека брадата е всушност машка особина која постои психолошки и инстинктивно да ги привлече жените и да им покаже дека одреден маж е зрел и сексуално силен.
Сепак, неодамнешните истражувања сега покажаа дека функцијата на брадата може да биде различна. Докажано е дека ударот во главата може да биде до 30% послаб, ако мажот има густа брада. Ова ги натерало научниците да размислуваат и да помислат дека брадата можеби настанала соеволуцијата, заради агресивната историја на праисториските луѓе кои редовно се бореле до смрт во минатото.
Мажите кои имаа густа брада имаа нешто како шлем на главата, а кога таа брада е спарена со густа и затегната коса, тогаш заштитата на черепот станува поголема, и на тој начин таквите мажи стануваат по доминантни и посилни во борбата.
Иако има научници кои не се согласуваат со оваа теорија, оние што тврдат дека постојат цврсти докази, можат слободно да го приложат..
Што мислите, дали брадата е всушност природна заштита од ударите на противникот?