Луѓе откриваат тајни што ги кријат од брачните партнери: „Спиев со проститутка“, „се бакнував со најдобриот пријател“
Многу луѓе кријат некои работи од својот сопружник, од различни причини. Некои затоа што се срамат, некои затоа што вистината би им го уништила бракот, а некои сметаат дека нивниот партнер едноставно не може да ја поднесе вистината или фактот дека живееле во лага.
Тимот BuzzFeed ги замоли своите читатели да откријат тајни кои никогаш нема да им ги кажат на своите сопружници. Еве што им пишуваа луѓето.
1. "Ги бакнав постариот брат и сестра на мојот сопруг додека тој беше во другата соба. Никогаш нема да му го кажам тоа".
2. "Една недела пред да се оженам за сопругата, се опијанив со мојот најдобар пријател (тој е маж, исто како мене). Се бакнувавме и орално се задоволувавме. Незгодно се гледавме во текот на целата венчавка. Никогаш не разговаравме за тоа, и никогаш не ѝ кажав на сопругата нити на никого друг што се случи, но секогаш кога ќе помислам на тоа, се напалувам“.
3. "Мојот сопруг мисли дека дипломирав, но не. Јас се откажав од факултет и се преправав дека продолжувам да учам целиот последен семестар. Тоа беше пред пет години, сè уште му немам кажано".
4. "Бев заљубена во братучед на мојот сопруг и имавме полу-сексуална врска пред тој да рече дека сака да бидеме само пријатели. После еден месец се гледав со сегашниот сопруг и сме среќно оженети, но јас сепак понекогаш размислувам за неговиот братучед и што можеше да биде “.
5. "Додека бев свршена, се сплеткав со друго момче на една свадба. Му реков на свршеникот дека само спонтано се бакавме во пијан момент, но всушност се случи многу повеќе. По повеќе од десет години и по неколку деца , сепак чувствувам вина за тоа “.
6. "Мојот сопруг и јас сме скоро десет години заедно. После две години врска сфатив дека сум бисексуалка. Очајно сакав да спијам со жена, затоа ангажирав проститутка и поминав неверојатно попладне со неа. Мојот сопруг не знае за тоа, тоа би му го скршило срцето „Го сакам неизмерно, но цело време размислувам за тоа сексуално искуство и би сакала тоа да се повтори“.
7. "Забременив кога момчето (сегашен сопруг) и јас имавме секс за прв пат. Бев во раните 20-ти и не го познавав добро затоа абортирав. Никогаш не му го кажав тоа затоа што не „Не очекувавме да продолжиме да бидеме заедно, тоа беше вистинската одлука во тоа време“.
извор:index.hr