Луѓето „полудеа“ поради првата класа во авион: Голем кревет, удобни фотелји, насмеани стјуардеси

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува како изгледа прва класа во авион на Singapore Airlines.

На самиот влез во авионот ве пречекуваат насмеани стјуардеси облечени во прекрасни униформи.

После тоа, ве носат на вашето место, но тоа не е она што сте навикнати да го гледате во патничките авиони во економска класа.

Во првата класа на авионот на Singapore Airlines, патникот добива посебен простор само за себе.


Како што можете да видите на видеото, има и кревет за две лица, две удобни фотелји и телевизор.

Сигурни сме дека возењето во оваа прва класа е многу удобно и дека сигурно нема да се чувствувате вкочанети по патувањето.

(Telegraf.rs)