ЛУЃЕТО ШОКИРАНИ ОД МИСТЕРИОЗНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ОВЦИТЕ: 12 дена правеле само една работа - сопственичката се запрепастила кога видела
Видео од Кина кое стана вирално збуни многумина, а
однесувањето на овците ги остави сите без зборови.
Необично видео од Монголија се прошири низ светот. На него се гледа стадо овци кои, како што вели сопственичкатат, 12 дена се движат во круг без застанување.
Неверојатниот спектакл ги остави луѓето шокирани и збунети додека се обидуваат да го разберат однесувањето на животните во виралното видео, пишува Daily Mail. Сопственичката на овците, г-ѓа Миао, била воодушевена од однесувањето на своето стадо. Таа рече дека се започнало со само неколку овци пред да се приклучат другите членови на стадото.
На видеото можете да видите бројни овци како одат една по друга во круг. Други овци стојат на средината на кругот, а некои сепак одлучуваат да се приклучат на кореографијата. Дел од нив останаа во самиот центар на кругот, целосно мирни. Мистериозните видеа се снимени во градот Баотоу во Внатрешна Монголија на 4 ноември. На имотот има 34 колибички за овци, но само овците во колибата број 13 се движеле во необични кругови.
Не е познато што довело до ваквото однесување на овците. Постои болест поради која некои животни изгледаат дезориентирани и почнуваат да кружат. Листериозата може да ја разгори едната страна на мозокот и да предизвика чудно однесување кај овците, но ништо не е потврдено. Овците во Источен Сасекс предизвикаа слична возбуда минатата година кога беа забележани како стојат во концентрични кругови.
Меѓутоа, овој пат еден вид храна за говеда ги привлекла овците откако во круг ја поделиле храната. Научниците долго време проучувале зошто некои други животни како што се ајкулите и желките се движат во кружни шеми. Сепак, се‘ уште не дошле до заклучок за причината.
Погледнете го видеото:
Фото и Видео: Youtube