Мачката сака да се тушира, само има еден проблем

Мачорот Бинкс од американскиот град Портланд е значително различен од неговиот вид- едноставно сака да се капе.

Кога неговиот газда оди да се истушира, Бинкс е таму веднаш за малку да поужива.Сопственикот вели дека има само еден проблем - како да ја натерате мачката да излезе од бањата, кога еднаш ќе почне да се капе...