Мадона го „тероризира“ нејзиното момче кое е 38 години помладо од неа: По интимниот однос секогаш мора да го прави ова – и тука не завршуваат бизарните правила

Во последниве години, Мадона (66) исклучиво излегува со многу помлади момци, како Џош Попер (30), кој го тренираше нејзиниот син во бокс и Ричард Риакпоре (34), додека нејзиното сегашнa „играчка“ е 38 години помладиот Акем Морис. Кралицата на попот не само што избира помлади мажи туку е и многу строга кон нив.

Мадона има строги правила за јамајканската спортска ѕвезда Аким Морис (28).

- Таа е многу строга. Аким живее во нејзиниот стан и „делењето кревет“ не значи дека може да спие во истиот кревет. Само таа смее да го прави тоа, тој мора да легне и да стане во исто време со неа без разлика на се – изјавил изворот за RadarOnline.

View this post on Instagram

A post shared by 876411 | EVERYTHING JAMAICA (@876411ja)

Тоа не е единственото правило, Акем не смее да гледа телевизија или спорт кога е со Мадона.

Акем Морис се согласилна овие правила, „цената“ на нивната врска е прифатлива за него, а дали и за другите мажи?

Мадона и нејзиното ново момче се запознале во 2022 година на снимање за магазинот Papper, чија тема беше дивиот ноќен живот во Њујорк. Тогаш немаше навестување за нивната романса. Но, кралицата на попот, по повод прославата на четврти јули годинава, објави заеднички слики на Инстаграм и се заблагодари за „прекрасната година“ во која имаше сериозните здравствени проблеми.

Меѓу тие слики е и онаа на која се гледа како ужива на покривот со своето момче, па фотографијата од парот на каучот, можеби Мадона има правило и за тоа парче мебел.

View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)

Познатата пејачка беше во брак двапати, во 1985 година со актерот Шон Пен, а во 2002 година со режисерот Гај Ричи, со кој го има синот Рок. Љубовта со кореографот и танчер Карлос Леон ја донесе нејзината ќерка Лурд. Мадона посвои четири деца, близнаците Стела и Естер, Дејвид Бенд и Мерси Џејмс. Таа неодамна објави фотографии со сите нејзини деца, а на сликите е и нејзиниот татко Силвио Чиконе.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs