„Мајка ми ми почина на раце, останав бездомник“: Српскиот актер за трагедијата во семејството - Иста судбина ја има и ќерка ми

Водителот и актер Славиша Чуровиќ не сака претерано да се експонира во медиумите и да зборува за својот приватен живот, но во една прилика најде сила да зборува на една болна тема за него.

Имено, пред неполна деценија актерот се соочи со голема животна трагедија.

- Мојата мајка ми почина на раце, беше многу болна и останав бездомник овде во Белград. Да ги немав прекрасните пријатели, како Сергеј Ќетковиќ, Борис Булиќ, Данило Беќковиќ и некои други прекрасни луѓе, немаше да преживеам. Тогаш се разведов – изјавил Славиша во емисијата „Практична жена“ и додал:

- Веројатно просечниот Американец во таква ситуација на 36 години ќе се фрли од тераса и ќе ја заврши работата.

Кога му ги покажале фотографиите од неговата мајка, тој не можел да се воздржи и се расплакал.

-Многу ми е тешко, таа си замина млада, ве молам простете - низ солзи раскажал и по паузата продолжил:

- Слаб сум на две личности во животот, мајка ми и ќерка ми, а ќерка ми ја има истата судбина, истата... Мајка ми беше најдобрата личност на светот... Замина на 60 години, никогаш немаше мир, се што имаше и остави на ќерка ми.

Славиша со години бил во брак со колешката Тијана Чуровиќ, а потоа откри како таа се снаоѓала со неговата мајка.

- Мајка ми во тестаментот ми рече: „Знаеш што синко, ти си најдобар човек, но устата служи за чување на јазикот, па да не зборувам многу“... Бевме многу блиски, знаете дека свекрвите и снаите не можат да се поднесат, но мојата поранешна сопруга ја молеше мајка ми да живее со нас - рекол тој пред две години гледајќи наназад на разводот низ кој поминал:

- Луѓе не се разведувајте, ве молам, страшно е, моето дете имаше седум години... Моето дете е чувствително, плаче и за најмала работа. Никогаш нема да го заборавам тој развод, тие солзи на ќерка ми... Разводот е катастрофа ако имаш деца. И јас сум чувствителен, би ме растргнале да знаат дека сум нежен.

Во меѓувреме, Славиша и Тијана се смириле и сега уживаат во животот заедно со нивната сакана Таја.

Фото: Инстаграм
Извор: Вlic.rs