Мајка му застана во негова одбрана: Илон Маск ја поканил пејачката на состанок, а таа одбила

Мајка му застана во негова одбрана: Илон Маск ја поканил пејачката на состанок, а таа одбила

На социјалните мрежи веќе некое време кружат шпекулации за романсата на Илон Маск и кантавторот Скај Фереира, а сега се огласи и неговата мајка.


Најбогатиот човек на земјата зад себе има неколку љубовни приказни, но и неуспешни романси. Маск е татко на седум деца од повеќе врски и бракови. Откако се раздели со Наташа Басет, на интернет почнаа да кружат гласини дека Илон „фрлил око“ на друга позната дама - кантавторот Скај Фереира. Наводно, Маск преку посредник - неговиот тим на Мет Гал, побарал од Фереира да излезе на романтичен состанок, што таа го одбила.

Веднаш потоа се огласи мајката на Маск Меј, која на Твитер под една објава на оваа тема напиша:


„Немаше никаков тим. Бев со Илон. Значи не“